Арнаутовиќ на раб на солзи: Му ветив на Синиша дека ќе дојдам тука…

Дерби

22/07/2025

11:12

332

Големина на фонт

а а а

Марко Арнаутовиќ беше дел од неколку свечени чина откако стави потпис на договорот со Црвена Звезда, но српскиот шампион го долови и најемотивниот момент од првиот работен ден на Австриецот на стадионот „Маракана“.

Искусниот напаѓач пристигна во Црвена Звезда за да ги испочитува своите корени и да си го оствари животниот сон, меѓутоа како што вели самиот, исто така и за да му ја исполни желбата на легендарниот тренер со кого соработуваше во Болоња.

Арнаутовиќ со многу емоции го гледал натписот кој покажува на која страна е трибината „Синиша Михајловиќ“ на најпознатото фудбалско здание во Србија, по што се обратил и пред камерата со растреперен глас.

– Му ветив на Синиша дека ќе дојдам во Звезда! Сега сум тука. Ајде Звездо, – порача Арнаутовиќ.

Досегашната ѕвезда на Интер стави потпис на двегодишен договор со српскиот шампион, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број „89“.