Наполи не застанува, „мерка“ двајца играчи од Премиер лигата

Дерби

22/07/2025

11:11

271

Големина на фонт

а а а

Наполи е тим кој е најактивен од великаните во Серија А, а потврда за тоа се петте обезбедени засилувања во овој летен преоден рок.

Меѓутоа италијанскиот првак не планира тука да застане и веќе е во нова мисија, да се обезбеди уште едно крило покрај Ноа Ланг кој пристигна од ПСВ.

Наполитанците некое време го посакуваат Дан Ндоје, ама никако не успеваат да пронајдат заеднички јазик со Болоња и според „Кориере Дело Спорт“ калчолигашот ќе го насочи вниманието кон двајца играчи од Премиер лигата.

Се работи за Федерико Киеза од Ливерпул и Џек Грилиш од Манчестер Сити, двајца играчи кои се во втор, трет план во своите сегашни тимови и тоа сака да го искористи клубот од Серија А.

Наводно Киеза е спремен да каже „ДА“ и да се врати дома и останува да се види дали ова најавено сценарио навистина ќе се оствари.