Валанчиунас се огласи и ги разреши сите дилеми околу неговата иднина

Дерби

22/07/2025

11:08

439

Големина на фонт

а а а

Репрезентативецот на Литванија, Јонас Валанчиунас конечно ги разреши сите дилеми и откри во кој клуб ќе игра во нареднава сезона.

Тој од Сакраменто Кингс заврши во Денвер Нагетс каде во него видоа идеална замена за Никола Јокиќ, меѓутоа Валанчиунас посакуваше да се врати во Европа каде имаше силен интерес од Панатинаикос.

Грчкиот тим имаше подготвено договор за центарот, договор кој според информациите Јонас бил подготвен и да го потпише, меѓутоа Денвер не сакаше да се откаже од неговите услуги и тој дефинитивно останува во Колорадо.

- Сакам да разјаснам што се случува со мојата играчка ситуација следната сезона, сега кога Денвер донесе одлука да ме задржи. Идејата да играм за Панатинаикос, поблиску до дома, беше многу возбудлива за мене, но тоа ќе мора да почека. Целосно сум посветен на почитување на мојот договор со Нагетс оваа сезона и ќе дадам сè од себе за да се борам за шампионската титула, - порача 33-годишниот Валанчиунас.