Вечерва се игра првиот меч меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа) во квалификациите за Лигата на шампионите.
Ова е средба закажана за 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а во пресрет на истата во центарот на вниманието се најде поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов.
Николов доста време мина во Романија, беше дел и од ФЦСБ и откри дека ќе навива за клубот од Букурешт.
- Убаво е повторно да ги видам, навистина сум среќен. Играв со некои од нив и останавме пријатели, на крајот на краиштата тоа е најважното нешто. Навистина сум среќен што дојдоа тука и се сретнавме повторно, им посакувам успех и се надевам дека ќе победат. Велам дека ќе победат. Иако Шкендија е тим од Македонија, искрено, навивам за мојот поранешен тим.
- Шкендија е добар тим, но Стеауа (ФЦСБ) има многу поголем квалитет. Ако играат како минатата година или барем како на натпреварот против Петролул, ќе продолжат понатаму. Искрено, не ја гледам баш Шкендија. Јас сум со Вардар. Нивниот централен напаѓач е многу добар играч и нивна легенда. Го познавам него и уште 2-3 други. Шкендија е од Тетово и нивниот стадион се уште е во фаза на изградба, па затоа играат во Скопје. Очекувам на натпреварот да има околу 3-4.000 нивни навивачи“, порача Николов за романските медиуми.
Бобан во моментов е без клуб откако минатата сезона беше дел од Борац Бања Лука.