Сити има „пикирано“ наследник на Едерсон

Дерби

22/07/2025

11:04

211

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити потроши голема сума на пари во овој летен преоден рок, сума која може дополнително да се зголеми до крајот на истиот затоа што клубот сака да донесе десен бек, а можеби и нов голман.

Имено „граѓаните“ имаат двајца голмани кои имаат само уште една година од договорите Едерсон и Стефан Ортега. Ова дефинитивно го става во незгодна позиција составот од Манчестер, ама тешко дека премиерлигашот ќе се ослободи, откаже од двајцата без разлика на ситуацијата.

Маѓутоа Сити е внимателен и веќе размислува за замена за Едерсон и тоа е членот на Барнли, Џејмс Трафорд. Трафорд е дете на Сити, но никогаш не доби шанса во првата екипа, беше испраќан на повеќе позајмица за да во 2023 година се пресели во Барнли каде созреа и го привлече вниманието со своите изданија.

Интерес за него има и од Њукасл, ама тимот од „Итихад“ има право да ја активира откупната клаузула и во моментов е фаворит за неговиот потпис.