Во текот на овие летни денови, нема подобро освежување од домашен овошен сладолед.
Доколку сакате кремасти текстури и природна сласт на сезонското овошје, тогаш сладоледот од праска е совршен избор за вас.
Не бара никакви посебни вештини во кујната, а се подготвува брзо и едноставно, од само неколку состојки.
Тој е идеално решение кога сакате здрава алтернатива на десерт, без дополнителни конзерванси и вештачки бои.
Праските му даваат богат, сочен вкус, додека пак млечната основа го прави пресладок.
Состојки:
- Шеќер (50 грама);
- 3 праски;
- Слатка павлака 33-36 отсто (300 милилитри);
- Конзервирано млеко (100 милилитри).
Подготовка:
1. Шеќерот ставете го во тенџере и ставете го на пониска температура на рингла. За тоа време на еднакви парчиња исечете ги праските. Кога шеќерот ќе се стопи и ќе добие кафеавкаста боја, додадете ги праските и константно мешајте додека не омекнат. Кога целосно ќе омекнат, ставете ја смесата во фрижидер малку да се излади.
2. Слатката павлака изматете ја со миксер додека не згусне, додадете го кондензираното млеко, па со миксер сѐ заедно помешајте.
3. Во смесата додадете ги изладените праски и добро измешајте. Ставете ја смесата во калап и потоа во замрзнувач. Кога целосно ќе се излади имате совршен сладолед за дегустација.
На здравје!