[ФОТО] Го стеснува струкот и е олицетворение на женственоста: Фустанот во којшто младата актерка прошетала во Венеција е како создаден за месец јули

Точка

02/07/2025

08:25

1.452

Големина на фонт

а а а

Венеција деновиве е епицентар на светскиот џет-сет, на раскошната тридневна венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчес допатувале актери, музичари и познати лица од различни профили.

Свечената церемонија заврши, но спектаклот уште трае: елитните ѕвезди продолжиле да го привлекуваат вниманието и на прошетките во градот.

Меѓу ѕвездите се истакнала Синди Свини која пред три дена заблескала во необичен спој на елегантно и лежерно издание.


Нејзиниот аутфит јасно порачува дека модата не мора да престане на црвениот тепих туку може да живее секој ден.

За прошетка во Венеција, Синди избрала да носи црн миди фустан со пролетен принт со цветови во боја.

Совршено струкираниот фустан ја следел линијата на нејзиното тело и лесно се ширел околу колената, што давал неочекувана леснотија. Горниот дел од фустанот бил совршено скроен, без преголемо деколте, додека пак широките ракави давале друга модна нота.

Комбинациата на цветен дезен и класична црна боја создава софистициран контраст, идеален за деновите поминати во Венеција.

Синди го надополнила изгледот со црни сандали, големи темни очила за сонце и црна чанта.


Модна порака

Овој изглед јасно го потврдува совршениот баланс меѓу софистицираниот елегантен изглед и практичноста за секој ден.

Фустанот со цветен дезен делува женствено и романтично, а повторно доволно сериозно и урбано.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?