[ВИДЕО] „Ова е премногу, ужас“: Гледачите изненадени поради експлицитните сцени во претстојната серија на „Netflix“

Точка

20/06/2025

10:47

1.542

Големина на фонт

а а а

Новата романтична серија „Too Much“ сѐ уште не пристигнала на „Netflix“, а веќе предизвикала лавина реакции и тоа поради една неочекувана експлицитна сцена од најавениот трејлер.

Трејлерот шокирал многу од гледачите со сцената во која ликот на Феликс, плука во устата на својата партнерка Џесика додека заедно лежат во кревет.

Многумина признале дека оваа сцена целосно ги извадила од такт:

„Сцената со плукање ме повреди“, „Тоа е грозно... Морав да го паузирам видеото и да ги прочитам коментарите да видам дали само јас го делам тоа мислење“, „Тоа е премногу – буквално too much“, „Ова ми се врежа во мозокот“, биле само дел од коментарите.

Иако таа сцена привлекла најмногу внимание, дел од гледачите го оправдале тоа, потсетувајќи на претходни дела на режисерката Лена Данам: „Доколку ова ве шокира, очигледно не сте ги гледале нејзините серии“.

За што станува збор во серијата?

Серијата „Too Much“ ја следи 30-годишната Џесика која од Њујорк се сели во Лондон, по болно раскинување на врска, барајќи нов почеток. Таму го запознава Феликс, музичар со којшто започнува неочекувана и хаотична романса.

Покрај главната актерка во серијата се појавуваат и Стивен Фрај, Ендру Скот, Ричард Е. Грант, Кит Харингтон, Рита Ора, Џесика Алба, Џенифер Сандерс, Емили Ратајковски...

Серијата ја продуцирале творците на класиците како „Love Actually“ и „Notting Hill“, а на проектот работел и сопругот на режисерката Луис Фелбер, британско-перуански музичар со којшто се венчала во 2021 година.


„Too Much“ е нивни заеднички креативен проект којшто иако има сериозни моменти, како што вели Лена „нуди половина час бегство од реалноста во светот којшто е реален, но понежен од оној во којшто живееме“.

„Too Much“ на „Netflix“ пристигнува на 10 јули.