Пристигна првата реакција на Кина на израелскиот напад врз Иран

Макфакс

13/06/2025

10:33

382

Големина на фонт

а а а

Кина изрази длабока загриженост поради нападот на Израел врз Иран, предупредувајќи за можните сериозни последици што конфликтот би можел да ги предизвика во регионот.

„Кина се спротивставува на какво било кршење на суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на Иран, како и на дејствија што дополнително ги влошуваат тензиите или го прошируваат конфликтот“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан.

„Ненадејното повторно оживување на тензиите на Блискиот Исток не е во интерес на ниту една страна. Кина ги повикува сите вклучени страни да дејствуваат во насока на мир и стабилност и да избегнат понатамошна ескалација“, додаде тој, нагласувајќи дека Пекинг е подготвен да игра конструктивна улога во смирувањето на ситуацијата.

Кина е еден од клучните економски и политички партнери на Иран, негов најголем купувач на нафта и постојан критичар на санкциите на САД.