„Ве набљудуваме“: Жена пронашла чуден уред во дворот – реагирала полицијата

Точка

13/06/2025

21:03

1.680

Големина на фонт

а а а

Еден кварт во Квинс, Њујорк, е во состојба на зголемена будност откако во дворот на една жителка бил пронајден сомнителен уред за кој се верува дека снимал околината.

Станува збор за "Android" телефон обвиткан со црна лента, со видлива само камерата, а се претпоставува дека го користеле потенцијални провалници кои чекале погоден момент за акција.

Мери Кехо, жителка на Квинс, изјавила дека го пронашла уредот пред својата куќа кон крајот на мај. Веднаш ја повикала полицијата, која го презела уредот и соопштила дека станува збор за телефон поврзан со полнач кој бил закопан во нејзиниот двор.

„Зошто баш ние? Ми минуваа многу мисли низ глава. Зошто го избрале нашиот тревник? Потоа сфатив дека сме на средина од блокот“, изјави Кехо.


Полицијата предупредува дека вакви уреди за нелегално надгледување честопати се кријат во тревниците и се користат за следење на навиките на соседите, додека крадците чекаат момент за провала, пренесува "CBS News".

„Вклучете ги алармите, вклучете светла и бидете внимателни. Ние сме мала заедница и се грижиме едни за други. Кога некој оди на пат, ни јавува за да го провериме неговиот двор и да се увериме дека сè е безбедно“, додаде Кехо.


Кехо и нејзините соседи апелираат до сите сопственици на домови да внимаваат на непознати уреди околу нивните куќи. Исто така, испратија и порака до оние кои би се обиделе да ги ограбат:

„Не се враќајте во нашиот кварт, ниту во кој било друг – затоа што сега ние ве набљудуваме, а сите квартови знаат што се случува“, порача сосетката Хелен Мекговерн.