[ВИДЕО] Детали за пукањето во училиштето во Грац: Најмалку осум загинати, вклучувајќи го и напаѓачот

Макфакс

10/06/2025

12:14

4.808

Големина на фонт

а а а

Грац, Австрија, моментално е под опсада по пукање во училиште, јавуваат светските агенции.

Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац.

Австриската станица ORF објави дека речиси еден час е во тек голема полициска операција, по пукањето.

Портпаролот на полицијата, Фриц Грундниг, изјави за ORF дека може да има жртви, додека ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици, вклучувајќи ја и специјалната единица „Кобра“, биле распоредени на местото на пукотницата, која започнала околу 10 часот наутро.

Ранетите се евакуираат со полициски хеликоптери.

Една наставничка се забарикадирала со своите ученици во училницата за да ги спаси, пишуваат медиумите во Австрија.

Штаерската полиција потврди дека во нападот биле употребени неколку оружја, но деталите засега не се познати.

Јавноста е предупредена дека областа на училиштето не е безбедна.

Денешната пукотница се случи во пресрет на десетгодишнината од пукотницата во Грац на 20 јуни 2015 година. Тогаш беа убиени три лица.