Сиромашен домаќин, богат гастарбајтер – вистината за животот на печалбарите

Денар

07/06/2025

14:07

3.695

Големина на фонт

а а а

Во Македонија, приказната за печалбарот е стара колку и самата борба за подобар живот. Денес, таа приказна добива нова димензија – двоен живот меѓу скромноста дома и раскошот во странство.

Иако во очите на своите најблиски изгледаат како успешни, заминатите на „времена работа“ честопати живеат во две крајности: едниот живот им е во мали станови, со две работи дневно и малку сон, а другиот – со фотографии од раскош, скапи подароци и летни посети на родното село, кога носат брендирана облека и плаќаат кафе за цело друштво.

„Ние дома го гледаме со прескап костум, доаѓа со скапа кола, со телефони од последна генерација. Ама кога отидовме кај него во Германија, видовме дека живее во соба од 12 квадрати, со уште двајца непознати луѓе. Работи по 10 часа дневно во кујна, а секоја вечер доаѓа уморен како да ринташе на нива“, вели Лидија Донева, сестра на печалбар кој 8 години работи како готвач во Франкфурт.


Во реалноста, овие луѓе често не се „богати“ по стандардот на земјите во кои живеат. Тие се штедливи, работат прекувремено и одбиваат социјални животни навики, само за да може еднаш годишно да изгледаат „успешно“ во очите на соседите.

Оваа перцепција го создава митот за „печалбарската среќа“, кој, според социологот Љупка Маџовска, има длабоки корени во балканската култура.

„Социјалниот притисок да се прикаже успех – па макар тој бил и лажен – е огромен. Многу печалбари се задолжуваат за да купат автомобил со германски таблици кога ќе дојдат на одмор. А по враќањето, го враќаат лизингот по цена на сопствениот сон“, вели Маџовска.


Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.