[ФОТО] Ќе успеете ли да го препознаете? Холивудскиот актер изгледа непрепознатливо за улогата во новиот филм

Точка

06/06/2025

14:02

1.915

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Кристијан Бејл (51) е познат по драстичните трансформации и посветеноста кон улогите. Првата улога на големото платно ја доби уште како мало момче. Можете ли да препознаете за кого станува збор?

Поради својата улога во новиот филм за американскиот фудбал, 51-годишниот холивудски актер стана целосно непрепознатлив. Во филмот „Madden“ го глуми Ал Дејвис, поранешниот тренер и сопственик на клубот Оукленд Рејдерс.

Ѕвездата на филмовите „Бетмен“ и „Американски психо“ е речиси невозможно да се препознае поради трансформацијата! Станува збор за Кристијан Бејл, а со него во новиот филм глумат и Николас Кејџ и Сиена Милер.


Бејл е познат и по својата посветеност кон улогите и честопати поминувал низ разни тешки физички трансформации за филмовите.

Првата голема телесна трансформација беше за филмот „Машинистот“ (Исчезнување) (The Machinist) од 2004 година. За тој психолошки трилер, Бејл, кој е висок 183 см, практикувал диета која се состоела од „кафе, јаболко и повремено конзерва туна“, а до крајот на снимањето ослабел 30 килограми.


Веднаш следната година, Бејл почна да се подготвува за улогата на Бетмен во режија на Кристофер Нолан и помина шест месеци вредно вежбајќи во теретана и консумирајќи огромни количини протеини. Вежбањето и строгата диета му донесоа 45 килограми претежно мускулна маса, а наводно Нолан го натерал да ослабе 10 килограми пред самото снимање.

Веднаш следната година, тој глумеше затвореник во Виетнам во филмот „Бегство во зори“, во кој се појави во многу послабо издание. Тежел 25 килограми помалку отколку во „Бетмен“ каде што го глумеше Брус Вејн. А потоа ги врати мускулите за вториот дел од „Бетмен“ на Нолан, „Витезот на мракот“ (The Dark Knight Rises) од 2012 година.


А дури ниту најстрасните обожаватели не го препознаа во улогата на поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни во филмот „Vice“, за кој освои Златен глобус. Потоа мораше многу да се здебели за улогата, а кога го прашаа како успеал во тоа, одговори дека изел многу пити.