[ВИДЕО] Ѕвездата од хит-серијата „Адолесценција“ открива што не му се допаѓа во Америка: „Искрено, го мразам тоа“

Точка

05/06/2025

12:43

1.004

Големина на фонт

а а а

Младиот актер Овен Купер, ѕвездата на серијата „Адолесценција“, го изненади Џими Фалон за време на гостувањето во „The Tonight Show“ во вторникот, кога откри што нималку не му се допаѓа кај Америка.

15-годишниот актер, кој моментално се наоѓа во САД, отворено ги критикуваше американските слатки и грицки кога Фалон го праша дали ужива во времето поминато во САД. „Едно нешто што го мразам во Америка – чоколадото и слатките“.


Овен, кој потекнува од Чешир, Англија, дури донел и корпа со британски слатки со себе за да докаже дека се подобри од американските. „Едно нешто што го мразам кај Америка – чоколадото и слатките, сè е едноставно ужасно. Тоа се само Читос и такви работи. Искрено, ги мразам“, рекол тој, поттикнувајќи го Џими да праша: ’Но, што имате во Англија?‘.

Моментот погледнете го од 0:39 минута во видеото.

„Дали некогаш сте пробале Малтезерс? Чекајте – ќе ја донесам целата кошничка. Еве што донесов – Монстер Манч, Малтезерс и овошни пастили“, одговорил Овен.

Подоцна во интервјуто, младиот актер открил дека неодамна бил контактиран од голема холивудска ѕвезда. Тој рекол дека Леонардо Дикаприо му оставил видео порака додека бил со неговиот колега Стивен Греам, кој го игра неговиот татко во серијата. „Стивен Греам ми испрати видео вчера, а на него Леонардо Дикаприо седи до него и вели: ’Еј Овен, јас сум голем обожавател на „Адолесценција‘. И бев во шок: „Вау!“

Многумина забележаа колку многу пораснал

Обожавателите беа изненадени и од физичките промени на Овен – за само два месеци од премиерата на серијата, младиот актер значително порасна и сега е повисок од сценаристот и колега Стивен Греам, иако беше значително понизок на премиерата во Лондон во март.