Милан имаше неупешна сезона во која освои трофеј (Супер Купот на Италија), но остана без во европските купови за натпреварувачката 2025/2026.
Ова значи дека „росонерите“ ќе мора да почнат од нула, со нов проект во кој на клупата ќе биде Масимилијано Алегри, трофеен стратег кој има освоено многу пехари на домашната сцена. Калчолигашот ќе доживее промени во играчкиот кадар, веќе се најавуваат и значајни заминувања како оние на Рајндерс, може и Тео Ернандес…а ќе мора да се доведат засилување.
Едно од нив како што стојат работите ќе биде 40-годишниот Лука Модриќ кој е слободен фудбалер. Милан на чело со новиот оперативец Таре сака да ја искористи оваа ситуација и според информации многу блиску е двете страни да си подадат рака.
Ариго Саки ги следи овие случувањања, најави и преку „Газета Дело Спорт“ испрати предупредување со поранешниот клуб.
- Милан, внимавај со Модриќ. Тој има 40 години и најмногу што може е да биде играч кој влегува од клупа. Хрватот не треба да биде играч кој се третира како екстра класа. Се надевам дека овој трансфер ќе добие одобрение од новиот тренер Макс Алегри.
- Клучното прашање за Милан е следново: Дали „росонерите“ се во право што се фокусираат на Модриќ? Играч кој се ближи кон 40 години и кој не бил редовен играч во првиот тим на Реал Мадрид во последните две сезони. Овој избор е бизарен бидејќи клубот треба да се фокусира на млади играчи. Особено Милан, кој мора да изгради тим со обврска да ја врати довербата и ентузијазмот на навивачите по разочарувањата од последните сезони.
- Се обидов да ја анализирам ситуацијата ставајќи се во позиција на тренер на Милан и се обидов да ги разберам причините за изборот на Модриќ. Економскиот аспект е јасен: Модриќ доаѓа без надомест со плата од околу 3,5 милиони евра годишно. Во таа смисла, ова е добра зделка за Милан. Освен тоа, помладите играчи заработуваат многу повеќе и немаат технички квалитети како Модриќ. Но, Модриќ има 40 години и на таа возраст најмногу што може да понуди е да игра повремено, - порачува Саки во својата анализа.