Мареска: Имав само една порака за Иско по финалето

Дерби

29/05/2025

13:21

1.067

Големина на фонт

а а а

Енцо Мареска имаше само честитки и комплименти за своите фудбалери по импресивниот пресврт кој го режираа во финалето против Бетис, но не пропушти прилика да поздрави и една фудаблска легенда од противничкиот табор, импресивниот Иско Аларкон.

Повратникот во шпанската фудбалска репрезентација и во финалето покажа дека доживува втора младост во Бетис, па иако на крајот беше огорчен и тажен поради тешкиот пораз, навистина позитивно е кога еден фудбалер ќе добие признание од ривалите.

Енцо Фернандез и Кукурелја не штедеа пофални зборови за Иско по победата од 4:1, а истото го направи и Енцо Мареска како менаџер на Челси.

– По натпреварот имав само една порака за Иско. Му порачав дека сè уште има огромен квалитет и дека сè уште прави разлика на теренот. Тоа што тој е кај Бетис, кај нас е Кол Палмер. Палмер е многу млад, но веќе прави разлика и го видовме тоа со двете асистенции.

– Да бидам искрен, очекував да имаме тежок влез во мечот. Игравме 100 минути против Нотингем за влез во Лигата на шампиони, а Бетис играше два дена претходно. Очекував да бидат посвежи на стартот, но потоа направивме корекции и бевме далеку подобри од нив. Сметам дека повеќе од заслужено го освоивме трофејот, – изјави Мареска.