Ѓоковиќ откри за кого ќе навива во финалето на ЛШ и испрати барање до одговорните на Ролан Гарос

Дерби

30/05/2025

12:14

545

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ веќе оствари две победи на годинешното издание на Ролан Гарос, а во пресрет на третиот настап испрати и специјално барање до организаторите.

Српскиот тенисер е голем фудбалски фан и не сака да го пропушти финалето во Лигата на шампионите кое се игра во сабота навечер, па изрази надеж дека одговорните на Ролан Гарос ќе имаат предвид да не игра истовремено со дуелот меѓу Интер и ПСЖ.

Ѓоковиќ потврдил и за кого ќе навива во големото финале во Минхен, а изборот не е изненадување ако се знае дека е познат фан на Милан.

– Ќе навивам за ПСЖ во сабота и дефинитивно ќе го гледам натпреварот ако не мора да играм во сабота навечер.

– Така да, би било убаво да не игра, слушајте организатори на Ролан Гарос, – рекол Ѓоковиќ со насмевка на лицето.