Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска откри нова, незаконски легализирана изградена зграда во Чаир.
Таа нагласи дека во 10 скопски општини не се градат незаконски згради, а тоа единствено се случува во Чаир. Притоа Арсовска на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу му порача „Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат при легализација“.