Николоски: Договорот со Обединетото Кралство е од историско значење за Македонија и развојот на државата

Макфакс

28/05/2025

20:55

311

Големина на фонт

а а а

Договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е од историско значење за развојот на државата, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.

„Денес во Собранието е изгласан Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Овој договор е од историско значење за Македонија и развојот на државата. Со овој договор се потврдува партнерството помеѓу двете држави! Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија многу подобро место за живеење!“, напиша вицепремиерот Николоски.

Денес во Собранието е изгласан Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Македонија и Владата на Обединетото...

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday 28 May 2025