Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Макфакс

16/05/2025

21:10

845

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…

Тој најави дека во текот на следните денови ќе бидат објавени сите детали.

„За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму.

Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали“, рече Мицкоски.

Премиерот денеска најави дека е постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој појасни дека ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.