Минатата недела Сидни Свини го привлече вниманието на "Met Gala", а сега повторно е во центарот на вниманието – овојпат во новата кампања за "Samsung Galaxy S25 Edge". Во кампањата таа се појавува во серија фотографии, дел од кои се снимени токму со "Galaxy S25 Edge", и споделени на нејзиниот "Instagram" профил.
Фотографиите се инспирирани од гламурот на златниот Холивуд, споен со современи моменти, а на секоја од нив умешно е скриен телефонот.
Одлични реакции од фановите
Во објавата Свини ги повикува следбениците да се обидат да го најдат новиот телефон:
„Можете ли да го најдете неверојатно тенкиот "Galaxy S25 Edge" на овие фотографии?“
Коментарите под објавата се преполни со пофалби:
„Одличен е, телефонот изгледа многу елегантно“, „Сега ми е јасно зошто Сидни не ми одговара на пораки – таа е Samsung девојка“, „Сакам да купам Galaxy“, „Соработка од соништата“, „Ми се допаѓа што си лице на Samsung, а не на iPhone“, се дел од реакциите на фановите.
Голем фан на преклопните "Samsung" телефони
Свини и "Samsung" соработуваат веќе две години, а фановите забележале дека актерката често го користи "Galaxy Z Flip".
„Вистински се заљубив во нивниот преклопен телефон“, изјави таа за списанието "InStyle".
„Успеав да ги ’навлечам‘ двете тетки и дедо ми – толку многу им се допадна. И моите пријатели постојано го бараат за да си играат со него. Навистина е забавен моден додаток, а камерата е одлична.“
Таа додаде дека особено ѝ се допаѓаат можностите за персонализација на телефонот:
„Го наместив така што изгледа како стара видео-игра, како винтиџ Mario Kart.“