[ФОТО] Џенифер Лопез доживеала незгода на проба – Завршила на шиење: „Многу мраз и како нова сум“

Точка

14/05/2025

20:38

593

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез доживеала незгода за време на подготовките за нејзиниот настап на претстојните Американски музички награди (American Music Awards). За време на пробата, таа си ја удрила главата, што резултирало со исеченица на носот.

Имено, таа сподели неколку фотографии на нејзиниот Инстаграм профил кои ги прикажуваат моментите по повредата. Пејачката најпрво објави фотографија на која држи облога со мраз на носот, со опис: „Па … Ова се случи“.



Потоа покажа како изгледа повреденото место, а во својата последна објава му се заблагодари на лекарот кој ѝ ја заши раната. „Седум дена подоцна и многу мраз – и како нова сум“, додаде таа со насмевка.


Во февруари се разведе од Бен Афлек

Потсетуваме во февруари оваа година, Џенифер официјално се разведе од актерот Бен Афлек. Разводот беше потврден од Вишиот суд во Лос Анџелес, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Парот постигнал договор преку медијација и на тој начин избегнале долга судска постапка.


Исто така, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, Лопез раскажа како им ја соопштила веста за разводот на своите деца, близнаците Ема и Макс, кои ги доби од претходниот брак со пејачот Марк Ентони.

„Им кажав дека ова ќе биде тежок период, но им ветив дека кога сè ќе заврши ќе бидам посилна и подобра. Тоа им го ветив и го исполнив. Денес тие самите го чувствуваат тоа, а тоа ми носи внатрешен мир“, изјави Џенифер.