[ФОТО] Рики Мартин во врска со актер од филмови за возрасни? Двојно помлад од него, речиси 2 метри висок и има профил на „Онлифенс“

Точка

14/05/2025

19:04

1.138

Големина на фонт

а а а

Пејачот Рики Мартин (53), кој пред една година се разведе од уметникот Џван Јозеф, наводно повторно е заљубен.

Неговиот нов партнер наводно е актер од индустријата за возрасни, Макс Барз (26), Американец кого странските медиуми го обвинуваат за пропаѓањето на неговиот брак со Јозеф.

Пејачот и актерот претходно биле забележани заедно во Тајланд, а тогаш се обидоа да ја претстават својата средба како случајна. Сепак, странските медиуми почнаа да пишуваат за „потврдената врска помеѓу порториканскот пејач и американски актер од категоријата 18+“.


Наводниот партнер на Рики е роден во 1998 година, висок е 1,90 метри, обожува да тренира и моментално живее во Калифорнија. Исто така има профил на „Онлифенс“, каде што нуди содржина за возрасни, додека на својот Инстаграм профил, каде што има повеќе од 200 илјади следбеници, го прикажува својот секојдневен живот во согласност со ограничувањата поставени од таа платформа. Во описот на неговиот профил пишува: „Животот е премногу краток за да биде здодевен“.


Досега ниту Мартин ниту Барз не ги потврдија ниту ги демантираа гласините за врската. Станува збор за информација што ја објавија странските медиуми и која многумина ја гледаат како можно објаснување за ненадејниот развод на пејачот.


Од друга страна новинарот Родриго Лусич во емисијата „Socios del espectalla“ изјави: „Се чини дека Рики Мартин се заљубил во актер за возрасни и тоа било повод (за разводот)“, и додаде: „Приказните велат дека тој го изневерил својот партнер повеќе пати, и јас го знам тоа. Познавам некого на кого Рики му испраќал фотографии“.