Нов трошок за туристите во Црна Гора: Посетата на познатата атракција во популарното летувалиште веќе не е бесплатна

Точка

12/05/2025

20:07

861

Големина на фонт

а а а

Почнувајќи од ова лето, туристите кои сакаат да го посетат Стариот град во Херцег Нови како дел од организирани тури ќе мора да платат излетничка такса од едно евро.

Таксата се воведува како дел од напорите за подобрување на туристичката понуда и обезбедување подобра инфраструктура за посетителите.


Таксата ќе изнесува едно евро и ќе се наплаќа за прв пат во текот на оваа летна сезона, но исклучиво за организирани групи.


Групните посетители со водич можат да го посетат туристичкото информативно биро, каде што ќе пополнат ваучер и ќе ја платат таксата, објави „Новски портал“.

Од туристичката организација на Херцег Нови потенцираа дека не се очекува таксата да стапи на сила веднаш, особено кога станува збор за туристи кои пристигнуваат со брод од Будва, Тиват и Котор.


Вршителот на должноста директор на ТО Херцег Нови, Тања Мркаиќ, рече дека засега најмногу сметаат на посетители кои доаѓаат во градот со автобус преку туристички агенции.

Според неа, досега биле реализирани само две тури низ Стариот град.


Мркаиќ тврди дека во Херцег Нови цената на излетничката такса е најниска во однос на окружувањето и регионот, додека од TO очекуваат измени во Законот за данок на престој.

Србите најлојални посетители на Херцег Нови

Инаку, според податоците на туристичката организација на Херцег Нови, туристите од Србија го сочинуваат најголемиот број посетители на овој град.


Врз основа на анкета спроведена во текот на летната сезона 2024 година, процентот на туристи од Србија изнесувал 29,7% од сите анкетирани посетители.


Покрај Србите, чести посетители се и туристите од Обединетото Кралство, Русија, Франција, Германија, САД, Полска, Норвешка и Италија.