Мбапе испиша историја на „Ел Класико“, но продолжи неговиот малер кога постигнува хет-трик

Дерби

12/05/2025

14:41

354

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе стана првиот играч во историјат кој двапати постигнал хет-трик како гостински фудбалер на натпревар против Барселона, но неговиот учинок овојпат не се покажа како доволен да оствари победа.

Французинот како член на ПСЖ со хет-трик го предводеше својот тим до победа на „Камп Ноу“ (1:4), меѓутоа вчера ја почувствува горчината на поразот и покрај тоа што постигна три гола во мрежата на Шчесни.

Реал Мадрид дозволи Барселона да направи пресврт и да победи со 4:3, а овој натпревар ќе остане во сеќавање на Килијан поради болниот пораз, но и поради два рекорди.

Покрај тоа што стана првиот играч кој двапати постигнал хет-трик како гостин во Барселона, Мбапе со вчерашните три гола го надмина историскиот учинок на Иван Заморано.

Мбапе го мина Заморано и стана најдобриот голгетер во една дебитантска сезона за Реал Мадрид, бидејќи напаѓачот сега зад своето име 39 погодоци, два повеќе од досегашниот рекорд на Заморано.

Кристијано Роналдо е на третото место со 35 погодоци во својата прва сезона, но се ова ќе биде мала утеха за Килијан, особено поради фактот што нема да освои ниту еден од важните трофеи.

Исто така, Мбапе го продолжи својот малер кога се во прашање трите постигнати гола на еден исклучително важен натпревар, бидејќи Килијан остана без победа и трофеј во финалето на Светското првенство против Аргентина откако постигна хет-трик.