Дајте му ја „Пушкаш наградата“ уште во мај: Монтиел го рекреираше незаборавниот гол на Ибра

Дерби

12/05/2025

14:39

625

Големина на фонт

а а а

Фудбалската страст во Аргентија секогаш доаѓа до израз и пред да има било какво возбудувања на теренот, но кога ќе се случи нешто како она на вчерашниот натпревар во Авелјанеда, тогаш сцените од Јужна Америка уште повеќе добиваат на значење.

Индепендиенте на домашен терен го победи Индепендиенте Ривадавија со резултат 1:0, а начинот на кој беше постигнат единствениот гол на оваа средба е буквално неверојатен.

Сантијаго Монтиел се погрижи неговото име да биде едно од најпопуларните во Јужна Америка и да допре до целиот фудбалски свет, сето тоа како последица на фудбалското ремек-дело кое го изведе.

Дефанзивецот кој има 24 години од денеска е апсолутен фаворит за добивање на „Пушкаш наградата“ која ја доделува ФИФА, а фановите бараат истата да му биде врачена уште денеска.

Монтиел го рекреираше незаборавниот гол на Златан Ибрахимовиќ и режираше „ножички“ со удар надвор од шеснаесетникот, па во целата лудорија се вклучи и коментаторот кој даде оригинален коментар.

– Затворете го теренот…