Тјери Анри му го побара дресот на Ламин Јамал по првото полуфинале кое го одиграа Барселона и Интер во Лигата на шампиони, а неполни две седмици подоцна, младиот фудбалер доби шанса да има уникатна средба со легендарниот Французин.
Во увертирата за големото „Ел Класико“ дерби, Тити и Ламин си разменија убави подароци, а целата средба беше овековечена од страна на официјалните медиуми на Барселона.
Французинот му подари дрес на Јамал од сезоната кога беше освоена историската триплета, па двајцата си разменија убави зборови пред да го овековечат моментот и да позираат со дресовите.
Ламин оваа сезона се претвори во еден од најдобрите играчи на Барселона, но и воопшто во светот, а тоа Анри го нагласи во неколку наврати преку студиото на „Си-Би-Ес“, од кое пред две недели Тити ја закажа и оваа симпатична средба со тинејџерот.
Исто така, Анри пред натпреварот типуваше дека Барселона со сигурност ќе оствари нова „Ел Класико“ победа, па вчерашниот ден едноставно не можеше да биде подобар за Французинот, но и за сите фанови на каталонскиот гигант.
Lamine Yamal 🤝 Thierry Henry 💙❤️ pic.twitter.com/hlSoC1bDzC
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 11, 2025
Greatness meets the future. pic.twitter.com/JYUf6RQTfL
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 11, 2025