Џексон направи глупост, Њукасл со победа над Челси се поблиску до ЛШ

Дерби

11/05/2025

15:37

902

Големина на фонт

а а а

Њукасл оствари голема победа над Челси во директната пресметка на два тима кои се борат за пласман во Лигата на шампиони, пред се поради извонредното отворање на мечот, но и поради помошта која ја доби во продолжение од Николас Џексон.

„Страчките“ поведоа на истекот на 2-та минута со голот на Сандро Тонали кој одлично реагираше по едно проигрување од десната страна, а почетниот удар им зададе уште толку енергија на домашните фудбалери кои влегуваа со сто проценти во секој дуел.

Њукасл беше подобар ривал во секој поглед и остана и со играч повеќе на теренот, а причина за тоа е ударот со лакт на Џексон кој доби исклучување во 35-та минута.


Челси кој и онака не играше добро, имаше уште поголем предизвик со играч помалку, па и покрај тоа што се обиде да се закани во второто полувреме, во самата завршница прими уште еден гол за конечни 2:0.

Бруно Гимараеш со помош на блокот испрати неодбранлив удар во мрежата на Санчез, па Њукасл сега изби на третата позиција на табелата и е во пол-позиција за пласман во Лигата на шампиони на две рунди пред крајот.

Головите погледнете ги ТУКА.