[ФОТО] Јамал се мотивира пред „Ел Класико“: Нашата најголема одлика…..

Дерби

11/05/2025

13:50

867

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал беше еден од најразочараните играчи на Барселона по болната елиминација од Интер во полуфиналето во Лигата на шампиони, а истата дојде во момент кога каталонскиот гигант е пред клучна битка и за титулата во Ла Лига.

Играчите на Барса немаа многу време за жалење и залечување на раните, од едноставна причина што веќе денеска играат големо „Ел Класико“ дерби против Реал Мадрид, кое може да даде многу одговори за новиот национален шампион.

Во случај на победа на Барса, каталонскиот гигант ќе биде на два бода од осигурување на титулата во последните три кола, па Јамал реши да се мотивира себеси со порака која им ја сподели и на своите следбеници на социјалните мрежи.

– Нашата најголема одлика не е тоа никогаш да не паднеме, туку да станеме и да се издигнеме секојпат кога ќе паднеме, – гласи пораката на Јамал.

Ламин дефинитивно ќе има огромна желба за докажување против лутиот ривал, па останува да видиме дали Барса ќе успее да го заборави поразот од Интер, или ќе му даде искра надеж на Реал за нова титула во Ла Лига.