Минесота со подобар финиш го доби Голден Стејт, Бостон врати еден брејк против Њујорк

Дерби

11/05/2025

09:43

498

Големина на фонт

а а а

Гостинските екипи дојдоа до победите на последните две средби од НБА плејофот, кои се играа доцна синоќа, односно утринава.

Понеизвесно беше на соочувањето меѓу Голден Стејт и Минесота, на кое домаќините без Стеф Кари во составот, се држеа добро до финишот, но не го издржаа последниот налет на Едвардс и Рендл.

Минесота победи со 97:102 и поведе со 2:1 во серијата, враќајќи го брејкот кој „воините“ го направија претходно, а во пресрет на четвртиот натпревар кој ќе го играат на истиот терен.


Едвардс го заврши натпреварот со 36 поени, додека Рендл забележа трипл-дабл со 24 поени, 10 скокови и 12 асистенции.

Батлер со 33 и Куминга со 30 поени беа најефикасни кај Голден Стејт, но нивниот ефект не беше доволен за победа.


Бостон беше многу подоминантен на првото гостување во Њујорк и со победата 93:115 намали на 2:1, во серијата во која Никс ќе бидат домаќини и на четвртиот натпревар.

Причард со 23 и Тејтум со 22 поени беа најефикасни кај победникот, додека Брансон со 27 поени го предводеше домашниот тим.