Луис Енрике со сигурен тип и точен резултат за „Ел Класико“: Барселона ќе победи лесно…

Дерби

11/05/2025

09:38

949

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике искажа неверување за начинот на кој Барселона беше елиминирана од полуфиналето во Лигата на шампиони, но неколку дена подоцна, доби шанса повторно да коментира натпревар кој треба да го игра каталонскиот гигант.

Како човек кој е тесно поврзан со Барса, популарниот Лучо секогаш нагласува дека ќе има специјална врска со клубот од „Камп Ноу“, а откако неговиот ПСЖ го победи Монпелје со 1:4, шпанскиот стручњак излезе и со свој тип за „Ел Класико“.


Денешното големо шпанско дерби треба да даде одговор за многу прашања кога станува збор за титулата во Ла Лига, но Лучо смета дека тимот на Ханси Флик ќе има лесна задача и дека ќе запише убедлива победа.

Тренерот на ПСЖ типува сигурен триумф на каталонскиот гигант изразен со повеќе голови разлика, па самоуверено прогнозира дека дербито ќе заврши со конечен резултат 3:0.

– „Ел Класико“? 3:0 за Барселона, тоа ќе биде лесна победа, – изјави Луис Енрике, кој пред реваншот со Арсенал нагласи дека неговата љубов кон Барселона никогаш нема да згасне, без оглед на тоа кој клуб го води во моментот.