[ФОТО] Заборавениот фустан на Амал Клуни стана хит за 2025 година – од бојата до кројот, сѐ е толку заводливо

Точка

10/05/2025

11:25

805

Големина на фонт

а а а

Кога ќе немате модна инспирација, тогаш треба да се обратите кај Амал Клуни, жената која еднакво самоуверено оди и во судница, но и на црвениот тепих.

Овојпат, Амал Клуни ни врати уште еден моден бисер којшто изгледа како директно да е земен од модната писта, и тоа целосно ненаметливо.

Правничката, активистка и икона на стилот, но и сопруга на Џорџ Клуни, повторно докажала дека секогаш носи трендови, пред истите модни парчиња да станат тренд.


И, додека сите го коментирале нејзиниот жолт „Versace“ фустан од Венецијанскиот филмски фестивал, една друга комбинација станала уште попривлечна.

Станува збор за волшебниот фустан којшто сега е означен како „must have“ тренд за пролет/лето 2025 година.

Морска сирена на црвениот тепих

На фотографиите кои биле споделени, Амал чекори со Џорџ Клуни во фустан од брендот „Bach Mai, толку впечатлив што тешко може да го тргнете погледот од него.

Горниот дел од фустанот е минималистички, а долниот е вистински спектакл. Долго здолниште со реси кое преминува од сина во светловиолетова боја и изгледа бајковито.

И, додека пастелните нијанси на розова и жолта доминирале во 2024 година, дизајнерите за сезона 2025 најавуваат поладни бои, како што е сината.

Најдобриот дел? Амал нема стилист

Можеби звучи неверојатно, но Амал нема личен стилист. Сите комбинации ги бира сама, а тоа го открил нејзиниот сопруг во едно интервју.

„Облекувам нешто, но ќе се појави таа и веднаш се чувствувам неудобно“, низ насмевка рекол Клуни, па додал: „Замислете, таа нема стилист, сама се облекува“.