Ова е омиленото јадење на Владимир Путин: Поранешен готвач на рускиот претседател открива – „не јаде многу, но...“

Точка

09/05/2025

13:44

1.650

Големина на фонт

а а а

Која храна му е омилена на Владимир Путин открива популарниот италијански готвач Мирко Заго којшто неколку пати готвел за рускиот претседател.

Тој за руските медиуми раскажал две незаборавни ситуации со шефот на Кремљ.

„Со задоволство се сеќавам кога вториот пат ме викнаа во салата. Беше смешно затоа што имаше новинари од целиот свет, па дури и една Италијанка. Кога гласно ме пофали на италијански јазик, му пренесов на Путин, па сите, вклучувајќи го и него искрено се смееја“, раскажал една анегдота со претседателот на Русија готвачот.


Заго подготвувал специјалитети и за 50 роденден на Дмитриј Медведев, а бил и во тимот на готвачи на прославата на 18 роденден на неговиот син.

Според зборовите на готвачот, шефот на Кремљ преферира традиционални јадења, додека пак Медведев е вистински гурман.

„Путин не јаде многу, особено доколку тоа е посебен јавен настан, но кога го организирав неделниот банкет за учесници од антитерористичките групи, тој се опушти и уживаше во „мочета“ (немасно месо за зачини)“, открил Заго.

Инаку, „мочета“ е северноиталијанска козја шунка која се суши на воздух.