Поминувајќи покрај гробиштата во местото наречено Аното Беј, во округот Сент Мери, Јамајка, минувачите имаат можност да видат единствена и донекаде бизарна глетка: картонски фигури на починатите во природна големина поставени до нивните гробови.
Овој сè попопуларен тренд има за цел да им го олесни на семејствата пронаоѓањето на гробните места, а воедно и да го зачува споменот на саканите.
Уникатен начин на сеќавање
На гробиштата во Аното Беј, картонските фигури на починатите во природна големина стануваат сè почеста појава. Нив ги поставува погребната компанија „Exodus Funeral Service“ Егзодус Фјунерал Сервис“, како „трогателен потсетник за починатите и за да им помогнат на семејствата полесно да ги пронајдат гробовите на своите најблиски на преполните гробишта“.
Оваа практика започнала пред три до четири години. Семејствата ја избираат фотографијата по која најдобро го паметат починатиот, а потоа врз основа на неа се прави 2Д картонска фигура, која се поставува до гробот. Фигурите се зајакнати со челична конструкција за да можат да издржат различни временски услови.
Реакции на заедницата
Локалните жители со воодушевување го прифатиле овој обичај. Шелдон, локален жител, го изрази своето задоволство што на таков начин може да ѝ одаде почит на својата мајка. Тој истакна дека фигурата му дава чувство дека мајка му е присутна, дозволувајќи му да се фотографира со неа и да снима ТикТок видеа.
Друг жител, Магил Јанг, истакнал дека фигурата на мајката на неговите деца му дава утеха. Гледањето на нејзината слика на гробиштата му овозможува на семејството полесно да се присети на заедничките моменти и им нуди чувство на блискост, дури и по нејзината смрт.
Меѓутоа реакциите на корисниците на социјалните мрежи се поделени и повеќето имаат слично мислење – дека ова е бизарно! Исто така, малкумина би се осмелиле ноќе да бидат во близина на вакви гробишта.