Иниеста со незаборавен гол ја мотивира Барселона за пласман во финалето на ЛШ

Дерби

06/05/2025

14:21

1.005

Големина на фонт

а а а

Барселона му гостува на Интер во реванш натпреварот во Лигата на шампионите, натпревар кој ќе го даде првиот патник во финалето на ова натпреварување кое е закажано за крајот на овој месец во Минхен.

Каталонците не успеаа да слават на „Монжуик“ и сега ќе треба тоа да го направат во Милано ако сакаат билет за „Алијанц Арена“. Ова е мисија која не е лесна за избраниците на Флик, меѓутоа се е отворено и се почнува од „нула“ со оглед на ремито од 3-3 на „Монжуик“ и фактот дека веќе некое време на важи голот во гости.

Андрес Иниеста многу добро знае како е да се играат финалиња на ЛШ, како се освојуваат пехари, па легендарниот Шпанец со една објава се обиде да ги мотивира фудбалерите на шпанскиот великан пред вечерашниот натпревар.

Се работи за епскиот гол против Челси во 2009 година, гол во самата завршница со кој ја одведе Барса во Рим каде потоа четата на Гвардиола го доби Манчестер Јунајтед и го освои пехарот.

- Напред Барселона, за уште едно финале, - порача дон Адрес кој потоа и го сподели незаворавниот погодок против „сините“.