Фаулер има предлог засилување за Ливерпул во напаѓачката линија: Тој е одличен и етаблиран играч во ПЛ

Дерби

06/05/2025

13:27

1.207

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата, но тоа ништо нема да значи кога е во прашање летниот преоден рок каде се очекува англискиот тим да биде активен, да ја освежи екипата и со тоа да додаде нова енергија, дополнителен квалитет за атак на пехарите во наредните години.

Доста медиуми пренесуваат дека „црвените“ најверојатно ќе добијат нов напаѓач што во случајов тоа би значело заминување на Дарвин Нуњез.

Уругваецот не се прослави и неговото заминување нема да биде некој проблем за клубот со тоа што шампионот ќе треба да пронајде соодветна замена. Голема желба е Александер Исак од Њукасл, меѓутоа за него Њукасл (ќе) бара над 100 милиони фунти, сума која Ливерпул нема да ја плати и тоа го знае Роби Фаулер кој смета дека има идеална алтернатива, решение и тоа во Оли Воткинс од Астон Вила.

- Ако не носите играчи, ризикувате потенцијално да се вратите назад. Можеби Нуњез ќе биде име на листите на неколку тимови бидејќи не играше колку што сакаше, па претпоставувате дека Ливерпул ќе се обиде да донесе деветка.

- Проблемот е што клубовите знаат дека потенцијално бараат деветка, па цените ќе станат глупави. Ако го погледнете Исак, лесно ќе чини 100 милиони фунти плус. Тој е прекрасен играч, но Ливерпул можеби нема да сака да плати толку и ќе бара друго решение.

- Може да го погледнете Оли Воткинс. Тој не се вклопува баш во моделот во однос на тоа што Ливерпул сака, со оглед на неговите години [29 години], но би го зел за неколку години бидејќи е одличен играч, етаблиран и искусен во Премиер лигата,  -вели Фаулер.