„Избркајте го Мурињо, сите нè прави будали“

Макфакс

06/05/2025

13:20

1.418

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Елвир Баљиќ, остро го критикуваше Жозе Мурињо и она што под неговот водство го прикажува Фенербахче.

Во 32-то коло од турското првенство, Фенербахче претрпе пораз против големиот ривал Бешикташ со резултат од 1:0, со што практично испадна од трката за титулата четири кола пред крајот на првенството.

Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а многумина во клубот од Истанбул веќе се помирени со фактот дека титулата нема да стигне до нивните витрини.

Главна мета на критики овие денови е тренерот Жозе Мурињо, а меѓу најгласните беше поранешниот фудбалер на Реал, Фенербахче и Галатасарај, како и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

„Тој од сите нас прави будали. Ги молам луѓето од клубот веднаш да го заменат. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер – всушност, тој е лош тренер. Тој ни се потсмева на сите и повеќе не можам да молчам. Тој повторно нè изненади со својот состав. Каде е логиката? Не можете да го уништите тимот со вашето его и ароганција. Играчите немаат континуитет затоа што тој постојано менува нешто“, рече Баљиќ во својот остар говор.

„Го молам Фенербахче да не продолжува да работи со овој човек на крајот од сезоната. Повеќе немам никаква почит кон него, а што се однесува до играчите, сакам да им кажам само едно – го загубија првенството, но зошто не се борат? Дали воопшто им е гајле за кого играат?“.

Да потсетиме, Мурињо го презеде турскиот тим на почетокот од оваа сезона, но резултатите и атмосферата во клубот досега не ги исполнија големите очекувања.