Легендарниот Кафу не се појавува често во јавноста по завршувањето на одличната играчка кариера, но кога има нешто да каже, искоментира тоа го прави со авторитет, сигурност како што што тоа го правеше на теренот.
Десниот бек беше дел од една славна и успешна генерација на Бразил, нешто за што „кариоките“ сонуваат во овој момент и покрај тоа што имаат играчи кои настапуваат, играат во најсилните лиги и клубови во Европа.
Сепак со оглед на квалитетот, знаењето тоа може за брзо време да се промени особено ако имаше играчи кои блескаат како Рафиња во оваа сезона, ас кој за Кафу е топ кандидат за Златната топка заедно со Мохамед Салах од Ливерпул.
- Не гледам многу играчи денес кои можат да се натпреваруваат со Рафиња, па дури би рекол дека тоа се меѓу него и Мохамед Салах. Мислам дека тие двајцата ќе имаат шанса да ја освојат Златната топка. Рафиња има 31 гол и 25 асистенции. Тој го сруши рекордот на Меси во тим кој денес се смета за најдобар во светот, полн со ѕвезди. Срцето е дефинирачкиот елемент, оној што ја прави Барселона да игра. И многу сум среќен што тој е Бразилец, Бразилец кој се издвојува. Тој е капитен на тимот во голем клуб како Барса.
- Рафиња секогаш е почитуван од сите, особено од нас Бразилците. Но, моментот низ кој минува бразилската репрезентација е различен од оној на играчот, од оној на спортистот каков што е Рафиња. Тој игра фудбал навистина добро. На бразилската репрезентација ѝе многу потребен; им е потребен неговиот талент, неговата работа… Неговата работа со бразилската репрезентација би можела дури и да им помогне да го освојат следното СП, - порача Кафу.