Ова е најздравата житарка – го намалува нивото на шеќер во крвта и штити од воспаленија

Точка

02/05/2025

10:46

1.562

Големина на фонт

а а а

Доколку имате дијабетес или проблеми со шеќерот, не мора нужно целосно да избегнувате јаглехидрати, туку треба да ги изберете оние правилните кои всушност можат да го намалат нивото на шеќер во крвта.

Како една таква намирница, нутриционистите го издвојуваат јачменот.

Јачменот е житарка богата со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Тој има висока концентрација на растителни влакна кои придонесуваат во стабилноста на нивото на шеќер во крвта. Според истражувањата, лицата кои редовно консумираат јачмен имаат 29 отсто помал ризик од развој на дијабетес, пренесува „Eating Well“.


Консумирањето на цело зрно дава растителни влакна, антиоксиданти, Б витамини и здрави масти. Оваа комбинација на нутриенти особено е корисна за превенција и контрола на дијабетес.

Кај лицата со дијабетес забележан бил позитивен ефект при замена на рафинираните житарки.

Растителните влакна кои ги содржи јачменот се корисни за дигестивниот систем и создаваат густ гел во цревата, што го намалува ризикот од апсорбирање гликоза.

Едни од најважните растителни влакна кои ги содржи се бета-глуканите. Истражувањата покажале дека консумирањето 5 грама бета-глукан дневно во текот на 12 седмици може значително да го подобри нивото на хемоглобин.


Извор на антиоксиданти

Хроничните воспаленија и дијабетес меѓусебно се поврзани, воспаленијата може да го зголемат ризикот од дијабетес, а дијабетесот може да ги влоши воспалителните процеси. Храната богата со антиоксиданти, може да помогне во борбата против слободните радикали одговорни за воспаленија.