[ФОТО] Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Шпанија: Идилично село во сенкаа на колосалните карпи

Точка

01/05/2025

11:27

1.406

Големина на фонт

а а а

Над ова мало шпанско село се издигнуваат импозантни карпи високи 200 метри и буквално го кријат, создавајќи пејсаж од кој застанува здивот.

Селото Агуеро (Agüero) е рај за планинарите, алпинистите, спелеолозите и љубителите на природата. Се наоѓа во североисточниот дел на Шпанија во регионот Уеска во автономната покраина Арагон, недалеку од границата со Франција. Ова село не се разликува многу од останатите типични шпански села, барем не на прв поглед: камени куќи, црвени фасади со многу детаљи и релјефи, задолжително две католички цркви од средниот век кои се и главни туристички атракции.

Но, она што Агуеро го прави посебно и поради кое доаѓаат планинари и алпинисти од целиот свет е спектакуларната камена формација која се издигнува 200 метри над селото. Таканеречениот Маљос де Агуеро, или Лос Маљос, претставуваат продолжение на планинскиот венец Пиринеи кои од северната страна ја затвораат долината на реката Гаљего.

Агуеро се наоѓа на ритче, а над него надвиснува нестварна камена формација која создава пејсаж како за на разгледници. Карпестата формација Маљос де Агуеро е стара колку и Пиринеите, околу 65 милиони години. Со ерозијата поради ветар и вода настанале чудесни монолити од глина и песочник кои како заштитнички да се издигнуваат над селото и долината. Највпечатливата карпа која е одвоена од остатокот од формацијата се нарекува Пења Сола (Peña Sola), што во превод значи „сама карпа“.

Воедно, недалеку од Агуеро се наоѓа и пештерата Ал-Форас, така да ова место е совршено за сите оние кои сакаат да побегнат од градскиот метеж во мирот на природата. Оваа дестинација е особено популарна помеѓу планинарите, спелеолозите, параглајдеристите, љубителите на рафтинг и скијање.