Никој никогаш не трчал како Јусеин Болт – барем кога станува збор за брзината. Но, најбрзиот спринтер на сите времиња повеќе не е сопственик на еден од своите легендарни рекорди …
Имено, славниот јамајкански атлетичар, кој сè уште ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, важеше за најдобар во историјата на „кралицата на спортовите“ и според уште еден критериум:
Во текот на десет различни години, Болт успеа да постигне време под десет секунди на 100 метри.
AURA 👑
— Athletics South Africa (@AthleticsSA_) April 21, 2025
Over a decade of consistent sub10s in the 100m and @AkaniSimbine is better than ever ⚡️⚡️#Legend🐐 pic.twitter.com/m03NXF4mH9
Сега, тој рекорд му припаѓа на јужноафриканскиот ветеран и еден од најдобрите спринтери од таа земја – Акани Симбине.
Симбине успеа 11-та година по ред да истрча 100 метри под десет секунди во официјална трка, што го прави нов рекордер во оваа категорија – во најпопуларната спринтерска дисциплина.
Овој 31-годишен атлетичар е носител на сензационално олимписко сребро од Игрите во Париз 2024, во штафетната трка, а има и светска бронза (на 60 метри, освоена оваа година во Нанџинг), како и три африкански златни медали од континенталните првенства.
Во 2015 година беше и универзитетски шампион на Универзијадата.
Својот најдобар личен резултат од 9,82 секунди го оствари токму на Олимписките игри во Париз, каде што заврши на четвртото место на 100 метри, покрај освојувањето на споменатото штафетно сребро.