Саха го посочи фаворитот за пехарот во Премиeр лигата во наредната сезона

Дерби

23/04/2025

12:33

415

Големина на фонт

а а а

Останува уште многу малку до крајот на оваа сезона во Премиер лигата, сезона која Ливерпул дефинитивно ќе биде крунисан во шампион само прашање на време е само кога официјално и математички ова ќе биде потврдено.

Со ова „црвените“ ќе се вратат на врвот на англискиот фудбал и ќе ја прекинат доминацијата на Манчестер Сити и тоа во првата сезона под водство на Арне Слот.

Ова дефинитивно е голем, значаен резултат на Ливерпул затоа што е остварен скоре без ниту една промена во составот, односно тимот кој го остави Јирген Клоп успеа да донесе успеси и да биде број еден на островот.

Луис Саха како човек кој освојуваше титули со Манчестер Јунајтед во ПЛ верува дека Ливерпул и во следната кампања ќе биде фаворит да биде најдобар тим во шампионатот.

- Оваа година, Ливерпул беше најконстантен, така што има најмногу бодови. Имаа успешна транзиција, загубија неверојатен менаџер, но имаат нов кој одлично се снајде. Така, врз основа на тоа, тие веројатно сè уште се фаворити, додека можете да видите дека Манчестер Сити сè уште има некои промени да направи во текот на летото. Има и други како Челsи, кои имаа подобра од очекуваната сезона, но сепак тешка. Со оглед на бројот на играчи и трансфери што требаше да ги приспособат, тие сè уште не се баш таму.

- Секако, мора да го споменете и Арсенал, но сепак мислам дека Ливерпул е најсилен и врз основа на тоа што се случи. Секогаш би рекол дека Манчестер Сити обично има шанси, но тие го губат Де Брујне, а можеби и Гундоган, па претстојат промени. Ливерпул сега ги има и Ван Дајк и Салах на нови договори. Ван Дајк е клучен за нивната константност оваа сезона и повторно ќе биде следната година.