Во Кочани денеска се одржа третиот протестен марш насловен како „Задоцнета реакција“.
Организатори на протестот беа семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ кои порачаа „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!
Родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“.
Маршот започна во Паркот на револуцијата и продолжи преку главните улици, минувајќи покрај Општината, Министерството за внатрешни работи, полицијата и Основниот суд.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март, при што загинаа 62 лица, а 193 беа повредени, од кои 25 деца.
Истрагата за трагедијата продолжува, а повеќе од 60 лица се под истрага.