Мачка успеала да влезе во строго чуваниот северен тревник на Белата куќа во Вашингтон во петокот, предизвикувајќи вознемиреност меѓу новинарите кои на социјалните мрежи го споделиле појавувањето на сивиот миленик со зелени очи.
Подоцна, со помош на персоналот од Белата куќа, бил пронајден нејзиниот сопственик.
Мачката по име Софи накратко завршила во познатата сала за брифинзи, каде што новинарите обично ѝ поставуваат прашања на Каролин Левит, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Мачката носела „Airtag“?
На социјалната мрежа Икс, новинар ја споделил веста за мачката и објаснил дека Софи носела ланче и веројатно „Airtag“ (мал уред за следење предмети или домашни миленици со паметен телефон).
На видеото може да се види како новинарка го држи животното в раце и се шегува дека таа би „можела да биде некаков уред за прислушкување“.
Инаку Софи била вратена на нејзиниот сопственик.
Областа околу Белата куќа е една од најстрого обезбедуваните во светот. Американската тајна служба го следи секое движење, а камерите и бариерите постојано ја штитат областа. Меѓутоа, неодамна едно дете успеало да добие пристап до објектот: момчето незабележано се прекачило преку оградата, а безбедносните сили набргу потоа го вратиле на родителите.