САД подготвени да го признаат Крим како дел од Русија во рамките на мировниот договор, CNN

Нетпрес

19/04/2025

10:46

800

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, изјави добро информиран функционер, објави во саботата CNN.

Предлогот, исто така, вклучува и воспоставување прекин на огнот по сегашните линии на фронтот, изјавил претставникот за CNN, додавајќи дека планот им бил претставен на европските и украинските претставници кои се состанаа во Париз во четвртокот.

Мировната рамка беше спомната и во телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Сè уште има делови од рамката што треба да се пополнат. САД планираат да соработуваат со Европа и Украина на ова следната седмица во Лондон, рекол изворот.

Администрацијата на Трамп истовремено планира уште една средба меѓу пратеникот на претседателот Трамп за Блискиот исток Стив Виткоф и руските официјални претставници за да ја усогласи Москва со целокупната американска рамка, рече изворот.

Дека САД се подготвени да го признаат Крим како руски во рамките на мировниот договор во Украина, претходно објави и агенцијата Bloomberg News, повикувајќи се на свои извори.

„САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим како дел од поширокиот мировен договор меѓу Москва и Киев“, објави агенцијата додавајќи дека, сепак, Вашингтон сè уште нема донесено конечна одлука за ова прашање, забележува агенцијата.

Покрај тоа, Bloomberg повикувајќи се на извори, објави и дека предлозите што САД им ги претставиле на своите сојузници во Париз, меѓу другото, вклучуваат и одбивање да се разговара за членството на Украина во НАТО.

Според нив, предлозите на Вашингтон имплицираат дека сите територии под контрлоа во моментов на Русија ќе останат под руска контрола, а „аспирациите на Киев за влез во НАТО ќе бидат отстранети од дискусија“.

Руските сили ја презедоа контролата врз црноморскиот полуостровот Крим во 2014 година каде што е историското седиште на руската Црноморска флота. Русија ја согласно двата референдума на населението на Крим од март 2014 година, ја анектираше територијата потег што мнозинство на меѓународната заедница го смета за нелегален. Украина продолжува да бара суверенитет над Крим, присоедиенет на советската република Украина кон крајот на 1950-те години откако е издвоен од руската советска република а во 1990 година му беше укината автономијата,

и покрај фактот што регионот со големо мнозинство гласаше за приклучување кон Русија на референдумот во 2014 година по државниот удар во Киев поддржан од САД.