Ти благодариме, момче во црвено

Точка

18/04/2025

09:24

10.085

Големина на фонт

а а а

Вториот полуфинален натпревар од Лига Европа помеѓу Манчестер Јунајтед и Лион дефинитивно ќе влезе во потесниот избор за највозбудлив натпревар во 2025 година.

Продолженија, два пресврти и девет голови, многу убави потези и уште повеќе емоции – токму тоа последното е она што фудбалот навистина го прави најважната споредна работа на светот.

Целиот свет го обиколи кадарот од момчето кое навива за Јунајтед, во солзи по четвртиот примен гол во 110. минута, кога од пенал погоди Александар Лаказет.

Се чинеше дека целиот свет му се урна во налетот на најискрените можни емоции – оние што често ги потиснуваме кога ќе пораснеме. Но, само неколку минути подоцна, неговото расположение целосно се промени.

A young Man United fan's reaction before and after the comeback.
byu/whiteniteee insoccer

Избраниците на Рубен Аморим не само што успеаја да израмнат, туку и дојдоа до целосен пресврт, кој му овозможи на Манчестер Јунајтед пласман во финалето на Лига Европа по неверојатна драма.

Ти благодариме, момче во црвено, што нè потсети на искрената емоција и есенцијата на фудбалот …