Постојат пет навики кои мажот длабоко ги цени и почитува кај жената, но ретко или никогаш не ги изразува со зборови.
Жените често чувствуваат дека мажите не го забележуваат нивниот труд, колку и да се обидуваат да им угодат. Но, сепак, постојат нешта кои мажите навистина ги ценат – тивко, длабоко и постојано.
1. Знае да попушти – но не и да се понижи
Тоа е како танц – понекогаш нежно, понекогаш цврсто, но никогаш од позиција на жртва.
Жена што умее да каже: „Нека биде твое, не ми е важно“, не губи ништо. Напротив, добива – почит. Бидејќи во тие зборови нема слабост, туку тивка сила.
Како што рекол Лао Це:
„Оној што попушта е мудар. Тој продолжува понатаму додека другите стојат во место.“
Мажот го чувствува тоа – иако можеби никогаш нема да го каже гласно.
2. Знае да пофали – искрено, од срце, не механички
На крајот на денот, мажите се како деца – не на лош начин, туку затоа што сакаат да се чувствуваат потребни. Не убави, не успешни – туку нeопходни. А кога покрај себе има жена што искрено го поддржува, тој ќе се труди – и без тоа да му се бара.
Џон Греј, авторот на Мажите се од Марс, жените се од Венера, вели:
„Она што на мажот му изгледа како ситница може да биде знак на љубов кон жената. Но, обратно – жената што ги забележува машките „ситници“, станува посебна за него.“
3. Не зборува лошо за него пред другите, и ги чува неговите тајни
Ретка е жената што не го изложува приватниот живот пред јавноста. Не затоа што страда во тишина, туку затоа што се грижи и знае каде се границите.
Жена што секогаш стои покрај својот маж, заслужува почит. Она што го има да му го каже – ќе му го каже на четири ѕида, не во друштво и не зад грб.
4. Секогаш е тука – и кога е најтешко
Можеби најтешката навика: да останеш покрај некого кога сè се распаѓа. Кога тој е лут. Кога молчи. Кога не победува. Кога доживува падови. Жената што не си заминува во тие моменти – останува засекогаш во неговото срце.
Не затоа што мора, туку затоа што сама избира да биде тука. Без укор, без осуда, без „ти реков“. Таа само е тука. Забележува, разбира, олеснува.
Таквата жена станува тивка тврдина. Не оклоп – туку столб на домот, оној што му дава стабилност.
5. Не го држи – туку избира да остане
Има жени што сакаат до точка на задушување – со најдобри намери, но со преголема контрола. А има и такви што љубат без да поседуваат.
Таа не бара извештаи, не проверува телефони, не се лути на пријателите. Не затоа што не ѝ е гајле, туку затоа што му верува.
А покрај таква жена – се дише полесно. Нема страв од осуда. Нема притисок да се „докажува“ љубовта.
Како што рекол Ремарк:
„Љубовта е кога тишината меѓу двајца не тежи – туку смирува.“