Како да одговорите на најтешкото прашање на интервју за работа: Совет што ги разоружува работодавците

Точка

11/04/2025

11:30

3.703

Големина на фонт

а а а

Различни непријатни прашања се појавуваат за време на интервјуата за работа. Од класиката „Кои се вашите слабости?“ до „Продајте ми го ова пенкало“, прашањата може да варираат од незгодни до едноставно иритирачки.

А потоа, тука е и прашањето што најмногу ги збунува кандидатите:

„Опишете се себеси со три збора.“

Но, едно од најнепријатните прашања речиси секогаш доаѓа на крајот од разговорот. Мислите дека сè оди одлично, и тогаш – бум – доаѓа прашање што ви го крши филмот. И никогаш не сте сосема сигурни како да одговорите.

Се разбира, зборуваме за озлогласеното прашање за очекуваната плата.

Ако кажете сума што е премногу висока, се грижите дека ќе ве отпишат како прескап кандидат. Ако, пак, наведете ниска бројка – ризикувате да се потцените себеси.

Сега, сепак, еден експерт сподели совршен одговор – и навистина е генијален.


Совет од експертка на TikTok

Бизнис експертката Ерин Мекгоф – позната на TikTok како @erinmcgoff – објаснува зошто компаниите го поставуваат ова прашање и како да одговорите на начин што ќе ги разоружа.

„Компаниите го поставуваат ова прашање за да проверат колку малку сте спремни да прифатите – или дали вашите барања се надвор од нивниот буџет“, вели таа.

Според неа, одговори како „не знам“ или „сè што е повеќе од мојата моментална плата би било одлично“ може да ве стават во неповолна позиција.

Најпаметниот одговор:

„Ви благодарам што го спомнавте тоа. Би сакал(а) да знам колкав е предвидениот буџет за оваа позиција.“

Ако работодавецот одговори дека немаат утврден опсег или дека тоа зависи од кандидатот, следниот чекор е:

„Мојот предлог е флексибилен, но би сакал(а) да дознаам повеќе за самата позиција и очекувањата, пред да понудам конкретна бројка.“

Ако и понатаму инсистираат, можете да кажете:

„Моментално сум во дискусии за позиции во опсег од 65.000 до 95.000 долари, и отворен(а) сум за преговори во зависност од другите компоненти на понудата.“

Watch on TikTok



Реакциите не изостанаа

Овој совет наиде на одличен прием кај публиката. Многумина признаваат дека токму ова прашање им претставувало проблем во минатото.

„Да, ова прашање секогаш ме збунува. Сигурно сум изгубил(а) можности поради несоодветен одговор“, коментира едно лице.

„Леле, ова е одлично. Веднаш го запишувам!“, додава друг корисник.


Совет за крај: Одговор со самодоверба

Клучот не е само во тоа што ќе кажете, туку како ќе го кажете. Одговорете со самодоверба, со став на личност која ги знае своите вредности, но и е отворена за соработка.

Ова прашање не е замка – тоа е можност да поставите граници, да покажете професионализам и да добиете фер третман.