Најубавата девојка на светот денес има 23 години, а малкумина би ја препознале: Шеташе по модните писти на четири години – еве со што се занимава денес

Точка

09/04/2025

18:30

5.693

Големина на фонт

а а а

На само шест години, светот ја знаеше како „најубавото девојче на светот“. Денес има 23 години и повторно ги краси насловните страници.

Седумнаесет години подоцна, Тајлен Блондо е сè уште убава, но и многу повеќе од тоа.


Француска манекенка и актерка, таа е ќерка на фудбалерот Патрик Блондо и водителката Вероник Лубри. Нејзината приказна започнува кога Жан Пол Готје ја забележал на само тригодишна возраст, а по модна писта првпат прошетала веќе на четири години. На десет години се појавила во едиторијал за Vogue Paris, што ја лансираше во светската модна сцена и ѝ ја донесе титулата „најубаво девојче на светот“.


„Кога си мал, не обрнуваш внимание на такви работи. Луѓето ти велат: ‘Ти си најубавото девојче на светот’, а ти си мислиш: ‘Не сум, јас само си играм на iPad’. И денес, кога ќе ми го кажат тоа, им одговарам: ‘Не сум, јас сум обична девојка’“, изјавила таа во едно претходно интервју.

Каде е денес и како изгледа?

Тајлен денес има 23 години и успешно гради кариера во модната индустрија. Потпишала договор со агенцијата IMG Models, соработувала со светски брендови како Versace, Prada и L’Oreal, а била и амбасадорка на овој познат козметички бренд. На Инстаграм има повеќе од девет милиони следбеници и важи за една од најубавите жени во светот – иако скромно ја отфрла таа титула.


Во интервјуата нагласува дека сè уште се чувствува како обична девојка:

„Како дете, не ни разбираш што значи таа титула. И денес кога ќе ми го кажат тоа, велам: ‘Не сум најубавата – јас сум само јас.’“


Во меѓувреме, го лансираше и својот бренд „Heaven May“, но колекциите не се ажурирани од 2019 година. Во приватниот живот, Тајлен е во врска со актерот Бен Атала и често се појавува на најпрестижните модни настани во светот.


Фотографиите кои денес ги објави предизвикаа поделени реакции. Некои сè уште ѝ се воодушевуваат на изгледот, додека други велат дека „секоj има свој вкус“. Сепак, никој не може да негира дека Тајлен зрачи со природна убавина и самодоверба.


„Сега разбирам зошто те нарекуваат најубавата жена на светот“, напишал еден корисник. Друг додал: „Секогаш толку убава, Тајлен.“