[ВИДЕО] Приведен прилепчанецот кој пукаше од балкон, се трага по уште едно лице

Макфакс

06/04/2025

09:44

2.026

Големина на фонт

а а а

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поради пукање, а врз основа на видео споделено на „Фејсбук“.

Од МВР информираа дека во домот на 51-годишниот Џ.Ќ. во селото Црнилиште, прилепко, најдени се полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол кои ги поседувал со дозвола, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.

„Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за предвизвикување општа опасност“, велат од МВР.

Со оглед на тоа што оружјето го поседувал со дозвола, привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата.

Тој е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син.